Луѓееее ми се бендисува едно моме многу, али од село е... Инаку типкава е паметна, убава,фина... Се запознавме преку сестра ми и нејзиниот братучед. Кога се запознавме се гледаше дека и оставив добар впечаток, али мене ми е тоа шо е од село! Ќе ми се смеат бе, што да правам!? Финтата е тоа шо секогаш викам. Никогаш нема да фатам девојка од село...

Живот во 21 век, а се уште ги делиме луѓето колку имаат и од каде потекнуваат. Еден куп “градски фаци” кои мислат дека се многу над оние кои живеат во селските средини.

-Јас сум роден во село, живеам таму. Додека студирав плаќав кирија во Скопје, но после се вратив во родното место. Воопшто не ми пречи тоа. Секако дека селскиот живот е поразличен и тоа многу, од градскиот. Но, во село никој не може да е сиромашен. За оној кој сака да работи, секогаш ќе има. Работиш ниви, чуваш добиток. Во секое време имаш за јадење. За себе, произведуваш и продаваш. Точно е дека се мачиш, ама имаш секогаш. Имав колеги од факултет, градски фаци, живеат во едвај 50 квадрати. Се уште спијат со своите брат или сестра во иста соба. Каде е споредбата? Живеат од платите на родителите, кои едвај земаа минимална. Битно ли е што се градски фаци, што се родени и живеат во град? Ги викав едно лето на гости кај мене. Леле, колку мириса, леле кокошки, леле кози, беа само дел од нивните муабети. Еј, колку имаш убав базен, зад куќата... и веднаш се заборави миризбата на добитокот, раскажува Иле.

Тој за себе вели дека не му пречи животот во село, вели дека иако има факултетска диплома, и иако работи според струката и зема плата, никогаш нема да ги земе истите пари кои ги земаат неговите родители, како земјоделци и како сточари.