Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и средби со граѓани ја продолжуваат изборната кампања

Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и средби со граѓани ја продолжуваат изборната кампања.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средби со граѓани во Илинден и Петровец, а митинзи во Арачиново и Гази Баба. 

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби со граѓани во Дојран и Богданци и митинзи во Валандово и Гевгелија.

Демократската унија за интеграција најавува средба со граѓани во Чаир, а Движењето „БЕСА“ во Куманово. 

Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши на 13 октомври во 24 часот.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.