Партибрејкерс во МКЦ

На 9 февруари 2018-та го најавуваме концертот на ПАРТИБРЕЈКЕРС.


Наместо класична најава, извадок од „Дневникот на еден 13-годишник“ во врска со концертот во МКЦ во 1992:

„Среќа дека имам постар брат и дека сака да ме влече по концерти. Не беше лоша година, два пати ЕКВ, и еднаш Електрични оргазам, едвај чекам вечер да ги гледаме и Партибрејкерс.МКЦ преполно, панкери, скинери, секаков тип луѓе. Почнува концертот и одма сфаќам дека ова нема да биде баш ист концерт како минатите, публиката е полудена, пола сала е у „шутка“, се повлекувам на скалите горе од кај што можам да гледам подобро.Сфаќам дека Цане е луд, го плукаат, го вреѓаат, нему како да му се свиѓа сето тоа. Завршува - Оно што покушавам - и Цане вика: „Ово су вам задњи дани слободе, зато се лепо проведите“.Реченица што на момент ми го смени текот на концертот и која сигурно ќе ми остане врежана во глава, но на кој му е гајле....Дури и ако навистина се последни денови на слободата, не пропуштам да се спуштам доле на - 1000 година - и со 1000 разулавени луѓе да пеам на цел глас:

Знак кад би живео 1000 година
цео би ми живот стао у један дан
а један позив мења све...“

Билети во продажба по цена од 350 денари преку продажните мрежи на MkTickets, Купи Карти За Се и на Билетарница МКЦ.