Парното за скопјани ќе работи до 1 мај!

Според правилникот за топлинска енергија грејната сезона најмногу може да се продолжи до први мај.

Од БЕГ информираат дека ќе се следи ситуацијата и ако температурите продолжат да паѓаат под 12 Целзијусови степени, греењето ќе остане вклучено. Според правилникот за топлинска енергија грејната сезона најмногу може да се продолжи до први мај.

Од почетокот на минатата година над 2000 домаќинства потпишале договор за користење на градското парно, од нив половина се потрошувачи кои претходно го исклучиле. Приклучокот останува бесплатен.

Во август регулаторната комисија за енергетика ќе прави нова корекција на цената. Дали таа ќе се намалува или ќе расте од регулаторот велат дека е се’ уште е рано да се даваат било какви прогнози. До 31 мај прептијатијата кои вршат снабдување со топлинска енергија до регулаторот треба да ги поднесат пресметките за направените трошоци.

Последен пат парното поевтини лани и тоа за 11 отсто како резултат на намалувањето на цената на гасот и нафтата на светските берзи.