„Парни ваљак“ објавија емотивно видео со кое се простија од Аки

На официјалниот канал на Јутјуб, Парни Ваљак објавија видео во сеќавање на неодамна починатиот фронтмен, Аки Рахимовски.

Видеото е последен поздрав до легендарниот пејач и се состои од инсерти и фотографии од настапи на бендот. Придружено е со една од најпопуларните песни „Jesen u meni“, која е можеби и најпрепознатливата нумера на бендот. 

„Збогум пријателе. Ни остави голема празнина и величенствени сеќавања“, се вели во описот на видеото.