Парковите околу Мајчин дом станаа паркиралишта

Реонот околу Мајчин дом и Три бисери до неодамна беше еден од последните во Општина Аеродром, во кој паркирањето беше бесплатно и слободно.

Откако се воведе зонско паркирање, жителите на овој дел од населбата веќе немаат проблем со паркирање, но имаат проблем со натрапниците кои не сакаат да платат минимално за паркинг простор додека се привремено тука.

Околу Мајчин дом, каде што се гради непосакуваната зграда и од каде секојдневно се слуша голема галама и се произведува енормна количина прашина, сега пациентите, но и муштериите на блиските угостителски објекти, почнаа да ги узурпираат тревните површини кои веќе беа уништени од камионите на градежната оператива.

За првпат има слободно место на регуларните паркинзи, но за оние што не живеат тука, се наплаќа. Минимално, 25 денари на час. Но, за овој народ и тоа е многу.