Паркови и зеленило: Граѓаните самоволно ги пуштаат прскалките во Аеродром

Скопје Инфо утрово објави информација дека и покрај дождот прскалките во Аеродром работат и ја наводуваат тревата. По објавата на оваа вест, попладнево стигна демант од ЈП  Паркови и зеленило од каде велат дека граѓаните самоволни ги пуштаат прскалките и тоа е честа појава.

Врз основа на  денешната објава во Вашиот медиум, во која наведувате дека утрово се забележани прскалки кои го полеваат зеленилото во Аеродром, Ве информираме дека, се работи за самоволно, недозволиво пуштање на прскалките од страна на несовесни граѓани. Тука би напоменале дека оваа појава доста често ја забележуваат нашите екипи низ повеќе локации низ градот, се вели во демантот од јавното претпријатие.

Од таму во однос на наводите за состојбата на зеленилото во летниот период и неговото одржување додаваат дека во текот на сезонските и секојдневни работни активности екипите на ЈП Паркови и зеленило соодветно целосно и посветено ги извршуваат сите предвидени и потребни работни задачи, за редовно одржување на јавните зелени површини во градот.