Паркот во Хром: Комуналците ги нема со денови, а родителите дремат во ова ѓубре без да мрднат или дадат знак дека им пречи?!

Ќе се стави ли некогаш крај на нечистотијата во Скопје?

Вака изгледа паркот во Хром. Место каде се израснуваат идните генерации, место каде трчаат, играат, запознаваат другарчиња, учат за значењето на јавниот простор... Што научуваат? Дека сѐ што не е личен двор може да биде депонија?!

Да не знае човек што е пострашно: тоа што општината не се грижи за местото и не испратила комунални работници со денови (ако не и подолго) или тоа што родителите, бабите и дедовците кои ги чуваат децата дремат во ова ѓубре без да мрднат или дадат знак дека им пречи?!

Сликите се објавени на Фејсбук страната За Хром.