
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска сподели дека паркот во населба Ченто, во близина на спортската сала „Македонија“, добил комплетно нов и модерен лик.
Поставена е нова урбана опрема која овозможува подобри услови за одмор, дружење и рекреација на граѓаните. Извршено е поставување на нови канделабри, со кои значително е подобрено осветлувањето на овој простор, како и со нови рефлектори.
„Продолжуваме посветено да ги уредуваме и модернизираме јавните простори низ целата општина Гази Баба, затоа што граѓаните заслужуваат современа и уредена средина за живот“, порача градоначалникот Стефковски.
Тој додаде дека активностите биле реализирани од страна на ЈКП Гази Баба 2007.