
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска информираше дека Паркот на новинарите бил исчистен, а бездомните лица иселени, притоа порачувајќи дека го враќаат редот и мирот во општината.
„Општина Центар, во координација со надлежните служби го расчисти јавниот простор спроти објектот на „Нова Македонија“ по пријавите од граѓаните за отпад, импровизирани шатори и нарушување на јавниот ред и мир. Паркот повторно им се враќа на граѓаните – чист и безбеден“, истакна Герасимовски.
Дополнително, тој апелирараше до Министерството за труд и социјална политика итно да се вклучело во решавањето на статусот на овие лица, со цел да немало повторување на ваквите ситуации.