Паркот „Бановина“ вистинско место за релаксација на жителите на Горно Лисиче

Општина Аеродром изминативе неколку година активно работи на раззеленување и урбанизација на просторот на својата територија. Во таа несока, изградени беа многу паркови каде жителите можат а се релаксираат, а еден од нив е и паркот „Бановина“ во Горно Лисиче.

Тој е само еден од над 200-те проекти реализирани за време на вториот мандат на градоначалникот Ивица Коневски во периодот од 2013 до 2017 година.

Вкупна површина на овој парк е 6.500 квадратни метри, во него има зелена површина на 3.000 квадратни метри со 50 видови зимзелени и листопадни растенија. Исто така има и езеро на две нивоа со пешачки мост, видиковец, детско игралиште, пешачки патеки, жардиниери, чешми за пиење вода, канти за отпадоци и клупи и комплетно осветлување со нови штедливи канделабри и со сопствен систем за наводнување на зеленилото