ЈП ПОЦ преку соопштение известува дека согласно Одлуката на претпријатието денес сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани.Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари (четврток) со вообичаено работно време.
„За време на божиќните празници на 6 јануари (понеделник), 7 јануари (вторник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 8 јануари 2025 година (среда) со вообичаено работно време“, информираат од ЈП ПОЦ.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците, како и паркиралиштето Дилајла кое е со автоматска наплата.