
24-годишна девојка е тешко повредена откако во неа удрило паркирано товарно возило кое од непознати причини тргнало. Несреќата се случила викендов на кружен тек во Кисела Вода.
- На 23.05.2026 околу 10:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од кружен тек од ул.„Христо Татарчев", ул.„Марко Орешковиќ" и бул.„Србија" во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолкваген" со скопски регистарски ознаки кое било паркирано од М.Р.(34) од Скопје, и веднаш откако тргнало удрило во пешакот И.К.(24) од Скопје, соопштија од полицијата во вчерашниот полициски билтен.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза".
СВР Скопје презема соодветни мерки за утврдување на причините по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.