
По повод државниот празник „Илинден“ – Денот на Републиката, паркирањето на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ денеска (3 август) ќе биде бесплатно за сите граѓани.
Од јавното претпријатие информираат дека исклучок се затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, каде што наплатата ќе продолжи да се врши според редовниот режим на работа.
Редовната наплата за паркирање на останатите паркиралишта ќе продолжи во вторник, 4 август 2026 година, со вообичаеното работно време.