
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески информираше дека во тек е асфалтирање на просторот пред детската градинка „Црвенкапа“.
Тој денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот градинката во Стар Аеродром.
„Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата ќе добиеме повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината“, посочи Митески.
Најважно од сè, како што вели, е што со ова обезбедуваат посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за најмладите.