Паркингот кај МОБ ќе се наплаќа (фото)

„Се известуваат сите физички и правни лица дека од 1 септември започнува со наплата паркингот во Катната гаража „Кресненско востание“, вака  стои во соопштението кое пред неколку дена е ставено на наплатната рампа на подземниот паркинг на МОБ.

Пред неколку месеци жителите на главниот град добија нов плоштад, како и подземна гаража во центарот на Скопје. Плоштадот е именуван „Мајка Тереза“ и се наоѓа на платото меѓу Македонската опера и балет и новите згради од левата страна на Вардар.

Подземната катна гаража, пак, е на местото на некогашниот подземен паркинг на МОБ. Таа денес е преименувана во Катна гаража „Кресненско востание“ и се наоѓа на две нивоа, за разлика од претходната која беше само на едно ниво. Оваа гаража, како што беше најавено на отворање, беше бесплатна во првите неколку месеци од нејзиното пуштање во употреба.