Парите се важни, но ни приближно важни како слободата и насмевките...

Сиромаштија не е само кога немаш пари или кога немаш блескави работи кои парите можат да ги купат, сиромаштија е кога се губиш себеси во трката по тие пари, кога поради тие трки го пропуштат детството на своите деца, кога пропушташ да уживаш во нивната насмевка и да бидеш тука за да им ги избришеш солзите – тоа е сиромаштија.

Да се биде сиромашен не значи да немаш лажна удобност околу себеси, да бидеш сиромашен значи да немаш време да го живееш животот поради тоа што си поверувал во приказната која ни ја наметнува општеството, изградено на непостоечки вредности. Тоа не значи дека парите се лоша работа или дека човек треба да биде материјално сиромашен за да биде среќен – не, затоа што парите се потребни за да преживееме.

Меѓутоа, не е потребно да се трча за пари и да му служиме како што тоа го прави човештвото. Парите треба да ни служат на нас, но ние  како луѓе им имаме дадено преголема вредност. 

Една личност ми вели дека сѐ е од Бог и дека сѐ има вредност, па така парите не се помалку вредни од насмевката на детето – колку тажно размислување од личност која мисли дека знае што е духовност, што е Бог, што е среќа, што е живот. 

Парите се важни, но ни приближно важни како што се насмевките и слободата, емпатијата или доброто дело. Тоа се вистинските животни вредности, а парите се само средство кое човекот го измислил. 

Токму поради тоа што постојат луѓе кои мислат дека човекот не е ништо помалку вреден од насмевките на децата и токму поради тоа што човекот им дал поголема вредност на парите отколку на слободата и животот, многу деца денес растат без насмевки, без родители, без љубов и без топлината на семејниот дом. 

И не, парите не се виновни, виновни се оние кои им даваат поголема вредност отколку што заслужуваат.