Пари секогаш недостасуваат, но не значи дека луѓето не прифаќаат да работат за одредена сума

Бизнисмените не можат да најдат стручен кадар, невработените не можат да најдат работаВо моментов околу 90.000 активни и 90.000 пасивни баратели на работа. Споредбено со лани, има намалување на бројката за околу 10.000 невработени лица, велат од Агенцијата за вработување.

Бројот на невработени се намалува преку барањата за посредување од страна на работодавачите, но тука се случува парадокс – недостаток на квалификувана работна сила, во исто време со голема невработеност.

Има недостиг на работна сила во трговијата на големо и мало, преработувачката индустрија, транспортот, градежништвото. Според образованието, најмногу се бараат сметководители, фармацевти, економисти, правници, администратори и други, додека без образование се бараат келнери, готвачи, шанкери, шивачи и слично.

Иако на овие огласи би требало да се пријават многу луѓе, кои сакаат да заработат, во пракса се покажува дека нема доволно заинтересирани лица за оваа работа.

- Имам пекара, барам 3 продавачки на бели пециава, почетната плата изнесува 17.000 денари.На огласот кој траеше 15 дена се пријавија само две жени, вели спопственикот на една скопска пекара.

-Кога е поголем бројот на неактивно население од бројот на сиромашните, лесно може да се заклучи дека тие луѓе имаат некакви приходи и оти не се големи искористувачи на социјалната помош и права, Но, како да се мотивираат „неактивните” повеќе да се ангажираат на пазарот на трудот? Некои сметаат дека ниските плати ги обесхрабруваат луѓето да побараат работа, но  платата не е секогаш пресудна.Пари секогаш недостасуваат или секогаш се малце, ама тоа не значи дека луѓето не прифаќаат да работат за одредена сума на пари”, вели Миле Бошков, претседател на Конфердерација на работодавачи.