Парадоксот наречен „Клинички центар“

Клинички центар или популарно наречен „Државна болница“ изминатите денови е актуелен на социјалните мрежи. Денес на твитер беше објавен уште еден парадокс. Фотографијата е направена на Стоматолошкиот клинички центар, а на неа се гледа дека дежурната служба работи само до 24 часот.

Твитерџиите коментараат дека ноќната служба е укината пред неколку години бидејќи истата не ги оправдувала трошоците на своето работење.