Парадокс: Сејф Сити „го забави“ Скопје, а први сме за линчување на дрските возачи

Безбедност или губење време во бавен сообраќај?

Свеста кај луѓето проработува после секоја случена сообраќајна несреќа со кобни последици, особено доколку се изгуби млад живот, дека мора да се вози по правила, но деновиве по стартот на пробниот период на „Сеjф Сити“ системот повторно полемики дека возачите финансиски ќе бидат оштетени со казни, дека сообраќајната инфрастуктура не е во ред, дека се губи време во бавниот сообраќај и низа други аргументи против возењто по правила. 

Токму во тоа е и парадоксот на македонскиот народ! 

Од една страна велат сакаат ред во државата, од друга, се против секое правило преку кое се доаѓа до ред и безбедноста, па така наоѓаат „заобиколени начини“ да се извлечат

- Македонски синдром, сакам функционален систем ама секој како му одговара, е можеби најточниот опис на реакциите по повод „Сејф Сити“. 

Веќе два дена, граѓаните на социјалните мрежи сведочат дека Скопје станало како „успорена снимка“ на улиците и булеварите.

- Пa вчера сите трепкачи даваат, застануваат на пешачки, нема улетување од лента во лента, нема свирење на 10 кола на првата на семафор зошто не тргнала во милисекунда кога светнало зелено, разнесувачи на моторчиња - примерни..., сведочи скпјанка на социјалните мрежи.

- Цело време слушам колку ред и дисциплина има во Швајцарија (каде насекаде има камери кои те сликаат за прекршоци и брзина), колку полека се вози и се почитуваат пешачки и семафори, а колку брзо и без почитување се вози во Скопје. Отварам денес ФБ и дискусии, жалби, поплаки за камерите и казните во Скопје колку сакаш, коментира друга жителка на главниот град. 

- Јас не знам што пали кај овој народ казни не, кампањи не, не знам што да се измисли исклучување од партија може ќе упали, порача скопјанец. 

- Наместо да филозофираме да почнеме да возиме по правила. Секој што положил ги знае правилата. Еве сега сите знаат дека е 50 ограничувањето...да го почитуваме за наша безбедност, заклучува друг жител на Скопје.