Парабен: предизвикувач на рак кој го користиме секојдневно

Во последно време сите зборуваат за штетноста на парабенот и долготрајното изложување на него. Зошто е штетен и поради што треба да се избегнува ви откриваме во продолжение.

Кога зборуваме за парабенот и неговата употреба, тој спаѓа во категорија на средства за конзервирање, а негова задача е да спречи крварење и развој на микроорганизми, бактерии и габи.

Меѓутоа, до неодамна пречесто беше користен во декоративната козметика (кармини, пудри, сјаеви, руменила, маскари) и во козметиката (креми за лице и тело, производи за самопотемнување, пасти за заби и бебешки креми) и многу други.

Секојдневно сме изложени на оваа супстанца, а тоа ретко го забележуваме. Истражувањето спроведено во Велика Британија покажа дека жените на себе дневно треба да нанесат 515 хемикалии содржани во дезодорансите, кремите и кармините за усни, а парабеност се наоѓа во 90% од производите кои секојдневно ги користиме.

Причините поради кои експертите сметаат дека употребата на парабенот е опасна, лежат во фактот дека тој не се разградува во човековото тело, туку се таложи околку коските, срцето и во градите, и така настануваат разни видови на рак.

Едноставно кажано, со примена на дезодорански кои во себе содржат парабен, телото може да упие 20 до 60% од употребениот парабен кој по пат на кожата влегува во организмот и ги активира ќелиите на ракот.

Истражувањата покажаа дека парабенот може да се најде во примероци од ткивото на дојките кај жените кои со години не користат дезодоранси. Од таа причина експертите од најраните денови укажуваат на користење на производи без парабен кои имаат пократок рок на употреба (бидејќи парабенот не ги конзервира), но се поздрави.