Папата на 7 мај во Скопје ќе служи света литургија на плоштадот Македонија

Владата ја објави агендата на Папата Франциск, кој ќе престојува во земјава на 7 мај. По официјалниот прием, неговата свеченост, папата Франциск, ќе има средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов и со претседателот на Владата, Зоран Заев, по што ќе се обрати до властите, граѓанското општество и дипломатскиот кор.

Според агендата, предвидено е Светиот отец да ја посети спомен-куќата на Мајка Тереза во присуство на верските лидери, а подоцна да се сретне и со сиромашните.

Во програмата за апостолското патување на папата Франциск во Северна Македонија, Светиот Отец предвидено е да служи света Литургија на Плоштад Македонија и да присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади луѓе во Пастирскиот центар.

Светиот Отец ќе одржи и средба со свештениците и нивните семејства во катедралата, по што ќе се врати во Рим.