Пантелејмон, Горно Нерези - духовен мир на падините на Водно

Во не­до­пре­на­та при­ро­да на пла­ни­на­та Вод­но, на са­мо осум ки­ло­ме­три ју­го­за­пад­но од Скоп­је, на те­ри­то­ри­ја­та на Оп­шти­на Кар­пош се на­о­ѓа 12 ве­ка ста­ра­та ма­на­стир­ска цр­ква „Св.Пан­те­леј­мон“, ко­ја е сме­сте­на во нај­мир­но­то се­ло - Гор­но Не­ре­зи. 

Из­гра­ден е од оби­чен крш­лив ка­мен, из­ва­ден од око­ли­на­та на ма­на­сти­рот, но со го­ле­мо мај­сторс­тво ка­ме­ња­та се вгра­де­ни во по­ли­хром­ни по­вр­ши­ни што да­ва­ат сли­ка на об­јект кој ка­ко да израс­нал од ед­на мо­но­лит­на кар­па, ко­ја во гор­ни­от дел за­вр­шу­ва со ед­на по­го­ле­ма ос­мо­стра­на и че­ти­ри по­ма­ли че­ти­ри­стра­ни ку­по­ли. Исто­ри­ја­та на оваа цр­ква е го­ле­ма. Да­ти­ра од 1164 го­ди­на, а таа би­ла из­гра­де­на со средс­тва­та на ви­зан­ти­ски­от принц Але­ксеј, син на Кон­стан­тин Ан­гел  и Те­о­до­ра, најм­ла­да­та ќер­ка на ви­зан­ти­ски­от им­пе­ра­тор Але­ксеј Пр­ви Ком­нен. Са­ми­от кти­тор на овој ма­на­стир ре­кол: „Јас не дој­дов ов­де да из­гра­дам ве­ле­ле­пен  храм, ту­ку дој­дов да из­гра­дам мал  храм со го­ле­ма вна­треш­на ду­хов­ност и уба­ви­на“. Гле­дај­ќи ја се­ко­ја фре­ска и се­кој вгра­ден ка­мен, овој ма­на­стир е бо­гат со ед­на ду­хов­на топ­ли­на и мо­ли­тве­на спи­ра­дост.

Не­ве­ро­јат­но чув­ство е да би­де­те та­му и да ја за­тек­не­те це­ре­мо­ни­ја­та вен­ча­ва­ње и кр­ште­ва­ње. Нас­ме­а­ни­те ли­ца и ис­пол­не­ти пог­ле­ди на мла­ди­те и нај­ми­ли­те се уште еден до­каз де­ка во ма­на­стир­ска­та цр­ква и до ден-де­нес се одр­жу­ва­ат раз­ни чи­но­ви ка­ко што е све­то­то тај­но вен­ча­ние и све­то­то тај­но кр­ште­ние. Са­мо­то вен­ча­ва­ње и кр­ште­ва­ње се прос­ле­де­ни од пе­е­ње­то на цр­ков­ни­от хор, што ја пра­ви це­ре­мо­ни­ја­та по­све­че­на и не­за­бо­рав­на. Око­ли­на­та и при­ро­да­та, ка­ко и над­во­реш­на­та и вна­треш­на­та уба­ви­на на це­ли­от об­јект, оп­кру­жен со зе­ле­ни­ло, ка­ко и ре­сто­ра­нот за не­за­бо­рав­ни мо­мен­ти ја зго­ле­му­ва­ат жел­ба­та за ове­ко­ве­чу­ва­ње на ми­го­ви­те на за­до­волс­тво и сре­ќа. Ја пре­по­ра­чу­ва­ме оваа лет­на де­сти­на­ци­ја ка­ко уни­кат­на и единс­тве­на, за се­кој кој ќе по­са­ка да из­бе­га од скоп­ски­от ме­теж. Не­ка го сто­ри тоа во овој бож­ји храм и не­ка го по­ба­ра сво­јот ду­ше­вен спо­кој и мир. 

 

cheap nike air max 90