Пановски: Градинките треба да почнат да работат со полн капацитет

Детските градинки треба да почнат да работат како и пред пандемијата, односно да се вратат на нормалните текови на функционирање.
Ова е препораката на микробиологот, проф. д-р Никола Пановски, кој за порталот „Деца“ вели дека нема опасност од ширење на ковид-19 во градинките и меѓу најмалите.

– Веќе се препорача да се укине носењето маски кај учениците во основните училишта. Разликата меѓу градинките и училиштата е голема. Во градинките децата не се мешаат меѓу себе, односно меѓу групите, не одат на големи одмори, за разлика од училиштата. Затоа опасноста од ширење е многу ниска. Ако се разболи дете, ќе се прошири заразата само во групата каде што престојува, нема да ја прошири во другите групи зашто децата таму не се дружат како тие во основното образование, додава Пановски.

Според Пановски, и податоците на Институтот за јавно здравје говорат дека најмалку нови случаи на позитивни има во старосната граница од 0 до 9 години.