Паника во автобус на ЈСП: Го застанале и дивееле, двајца во болница

Во 18 часот и 50 минути на улицата „Алија Авдовиќ“ во Скопје, автобус на Јавното сообраќајно претпријатие, кој сообраќал на линијата број 65, од Транспортен центар кон селото Стајковци, бил запрен од страна на лица А.Ј. (18) и 16-годишник, двајцата од Сингелиќ, со патничко возило „Пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки.

Откако го запреле автобусот, излегле од возилото и побарале од возачот на автобусот да ги отвори вратите. Возачот одбил, по што 16-годишникот со камен скршил едно странично стакло на автобусот. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот и преземале соодветни мерки и активности.

Двете лица се приведени во полициска станица и таму изјавиле дека го запреле автобусот затоа што во него се возеле три лица кои претходно нив ги нападнале. Од оштетувањето на автобусот, две лица се пожалиле на повреди во пределот на грбот, по што биле упатени на преглед во Градската општа болница.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.