Паника во Аеродром, автомобил се запали во близина на станбена зграда

Во населбата Аеродром вечерва околу 19 часот се запали автомобил на паркинг во близина на станбена на улицата „Методија Шаторов Шарло“, а во гаснењето на пожарот интервенирале од противпожарната единица на град Скопје.

Според очевидци пожарот предизвикал паника и вознемиреност кај станарите во станбената зграда. 

Владимир Симоновски, командант на противпожарната единица во Скопје, за МИА изјави дека не постоела опасност за жителите во зградата, како и дека по брза реакција состојбата била веднаш регулирана.