Панфорте: Посен колач со суви смокви, лешници, бадеми, мед, црно чоколадо и кора од портокал

Многу брз колач кој се пригутвува за половина час. Покрај тоа, многу е вкусен и здрав.

Потребни состојки:

150 г шеќер
80 г брашно
150 г мед
200 г суви смокви
100 г печени лешници
125 г бланширани бадеми
100 г посно црно чоколадо
рендана кора од портокал
шеќер во прав за наросување
по прстофат: ѓумбир, мускатно оревче и цимет
посен маргарин

Постапка:

Мал плех или калап обложете го со хартија и премачкајте со посен маргарин

Во еден сад ставете брашно, додадете ги зачините, цели лешници и бадеми, издробено ситно чоколадо, рендана кора од портокал, сечкани смокви.

Добро промешајте за да се изедначат состојките.

На умерена температура загрејте го медот и додадете го шеќерот. Варете пет минути, без мешање.

Добиениот карамел излејте го врз приготвената смеса, брзо промешајте додека не се стегнало.

Смесата излејте ја во калапот, израмнете со намастена лажица и ставете во загреана рерна на 150 степени, околу половина час.

Печениот колач изладете го, наросете со шеќер во прав, завиткајте го во пластична фолија и изладете го во фрижидер.