Пандемијата удри по џебот на граѓаните - изгор цени на овошјето и зеленчукот

Пандемијата удри по џебот на граѓаните. Цените на овошјата и зеленчукот, без разлика дали на пазар, во маркет или пиљара се повисоки од вообичаеното, за овој период од годината. 

И продавачите и купувачите се жалат. Дел од граѓаните поради пандемијата се со видно помали примања, а со тоа се ограничуву и купувањето, но се засегнати за своето здравје, знаејќи дека овој период треба да се внимава на својот имунитет, па со тоа се принудени да купуваат овошје, зеленчук, а овој приод доста баран е и медот, кој на пазарот се продава по цена од 600 денари по тегла. 

Дел од продавачите на пазарите се принудени да ги затворат своите тезги, поради малата побарувачка, а тоа автоматски значи дека цените на производите на другите тезги се повисоки. 

Од друга страна, луѓето сега повеќе пазарат во маркети, каде често има попусти и намалување на цените на производите, па така пазарите се ставени во некој друг план. 

Килограм спанаќ се продава по цена од 50 до 80 денари по килограм. Килограм круши се по 100 денари, додека пак бананите се продаваат од 50 до 70 денари, исто како и мандарините. Портокалите се продаваат по цена од 40 до 60 денари, додека пак лимонот се продава по цена од 80 денари.