Пандемијата откри како може дебелината да му наштети на организмот за кратко време

На почетокот лекарите веруваа дека дебелината го зголемува само ризикот да станете поболни од Ковид-19, а не и шансите да се заразите. Сепак, понови анализи покажуваат дека не само што дебелината го зголемува ризикот од станување поболни и умирање од Ковид-19, туку го зголемува и ризикот од заразување, пишува американската лекарка Кејт Варни во нејзината колумна посветена на врската меѓу дебелината и коронавирусот. Прочитајте ја во продолжение.

Пандемијата на Ковид-19 уште еднаш ја изнесе на сцена дебелината, откривајќи дека таа веќе не е болест која е штетна само на долг рок, туку дека може да има уништувачки ефекти.

Нови студии и информации ги потврдуваат сомнежите на лекарите дека вирусот ја искористува болеста која моменталниот американски здравствен систем не е во можност да ја стави под контрола, а да не зборуваме за другите здравствени системи, објави Факултети.мк.

Неодамна Центарот за контрола и превенција на болести од САД извести дека 73 отсто од сестрите што биле хоспитализирани поради Ковид-19 биле дебели. Дополнително, неодамнешна студија покажа дека дебелината може да биде пречка за ефикасноста на вакцината против Ковид-19.

Јас сум специјалист за дебелина и лекар кој работи во здравствениот систем при Универзитетот во Вирџинија и во минатото често ги предупредував моите пациенти дека дебелината може да им одземе години од животот. Сега, повеќе од кога и да е, ова предупредување се потврдува.

Поголема штета отколку што се веруваше

На почетокот лекарите веруваа дека дебелината го зголемува само ризикот да станете поболни од Ковид-19, а не и шансите да се заразите. Сепак, понови анализи покажуваат дека не само што дебелината го зголемува ризикот од станување поболни и умирање од Ковид-19, туку го зголемува и ризикот од заразување.

Во март годинава студии забележаа хипертензија, дијабетес и болест на коронарната артерија како најчести други состојби – или коморбидитети – кај пациентите со потешка слика од Ковид-19.