Пандемијата ни покажа дека сме силни и можеме да се издигнеме над сè во животот

Иако никогаш не мислевме дека пандемијата ќе трае толку долго, сепак ќе го победиме и ова.

Ништо не е вечно. Можеме да се издигнеме од сите нешта, сите предизвици и борби кои ни ги носи животот. Дури и кога не успеваме да го видиме светлото на крајот на тунелот, секој период завршува и ни носи нов поубав. И кога се чувствуваме заглавено и кога животот не ни дава причина да се насмееме, некоја сила ни дава моќ да туркаме напред и да победиме.

Постојано учиме за себе и за животот. Ова е период кога учиме како да бидеме сами, како да работиме на своите мали навики, како да се грижиме за оние кои ни значат. 

Еден ден, сето ова ќе заврши и ќе изгледа како лош спомен од минатото. 

Во ред е да чувствуваме болка, бес, страв и очај. Но, во овие мигови време е да се пронајдеме себеси и да ја најдеме вербата во животот, во едно подобро утро по сите овие сиви и црни денови. Да вдишеме длабоко и да издишеме, да се сетиме на сите луѓе кои ги изгубивме од ова црно зло, но да си кажеме дека ова нема да трае засекогаш. Нема вечно да останеме тука. 

Сите сме луѓе, сите на различен начин се соочуваме со нешто што сè уште е непознато за сите нас. Во ред е да плачеме, да молчиме, да читаме, да слушаме музика, да тагуваме во тишина. 

Доаѓаат подобри времиња и иако не можеме да го видиме светлото на крајот на тунелот, сепак тие се пред нас, потсетувајќи нè зошто вреди да се живее.