Панчо за сѐ поизвесната победа на Муцунски: Беровскиов воздух во Аеродром одма те освесува

Владимир Блажев познат како Панчо од групата ДНК, како еден од поддржувачите на Тимчо Муцунски сподели интересен статус на социјалните мрежи алудирајќи на сѐ поизвесната победа на Муцински во Аеродром.

-Станувам, излагам на тераса и ова Беровскиов воздух во Аеродром одма те освесува. Бреееј што ти значи кислород, напиша Панчо кој инаку живее во населбата Јане Сандански во Аеродром.