Панчо и Андреј од ДНК со поддршка за Арсовска: Македонските артисти треба да се позастапени низ градот убав

Андреј и Владимир-Панчо од ДНК, денеска ја искажаа својата поддршка за независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска. 

На остварената средба разговарале и се согласиле околу тоа дека Македонските артисти треба да се позастапени низ градот убав поготово оние алтернативни и кавер бендови кои имаат помали можност да настапат пред јавноста или на комерцијални места.

-Македонските артисти мора да бидат позастапени и активни во случувањата во градот. Заживување на културата и на музичката сцена е еден од моите приоритетни проекти од програмара за современо и модерно Скопје, вели Арсовска. 

-Дојдовме до заклучот и ветување од нејзина страна дека ако стане градоначалнчка односно “Мајка” на Скопје ќе реализира повеќе културни настани вклучувајќи многу повеќе Македонски изведувачи. Се сложи и со тоа дека кај Македонските артисти има многу квалитетни изведувачи и дека ќе настојува да ги ангажира согласно видот и потребите на настанот. Странски гости се секогаш добредојдени но исто така треба да си го цениме своето, домашното, Македонското. Исто така ни вети дека ќе се погрижи Скопје да биде почисто, позелено и место во кое што сите граѓани ќе се чуствуваат безбедни, сподели Владимир Блажев. .