Панчо ДНК и Андреј во хумана мисија: Повикаа за помош за повозрасна скопјанка

Познатите хип-хоп изведувачи, Владимир Блажев или во јавноста познат како „Панчо ДНК“ и неговиот колега Андреј Ѓорѓиески неколку пати досега ја покажале својата хуманост на дело, а сега откако ја слушнаа тажната приказна на Биљана Блажевска, веднаш побрзаа да помогнат.

-Ве замолуваме од срце сите оние кои можете да и помогнете на секаков начин, а упатуваме апел до сите надлежни институции и до градоначалникот на Кисела Вода да ја посети и да пробаат да изнајдат подолгорочно решение. Ние дониравме парични средства во доменот на нашите можности но верувам дека секоја помош и те како им е добредојдена, стои во нивниот повик за помош кој го споделија на социјалните мрежи.

Инаку е, 69-годишната скопјанка работи на пазар од 08-16ч за само 200денари, нема дрва за огрев, враќа долгови на извршители и на луѓе од кои позајмувала, се мачи со нејзините два сина од кои едниот е срцев болесник и е работо неспособен, додека другиот има проблем со видот.