Палевски пукал во Панче, обвинетиот Маневски ги однел до гробот

Началникот на СВР Велес, Ристо Самарџиев беше сведок на денешното рочиште каде зборуваше за грабнувањето и убиството на Панче Жежовски. Тој кажа дека потрагата по фризерот траела десетина дена, а биле прегледани и камерите од бензиските станици. На една од нив бил забележан Жежовски со уште едно лице.

Клучна била информацијата ја открил Велибор Маневски кого полицијата го уапсила. Маневски бил тој што ги однел до местото каде што е закопан Жежовски.

„Нè однесе во месноста викана Кула по пат од макадам. Точно знаеше каде нè води. Нема шанси да се пронајде ако некој не ви каже, се работи за дупка обрасната со дрва. Велибор кажа дека сите биле присутни, а пукал Палевски“, објасни началникот.