Палачинки со пилешко и печурки за ручек

Сите обожаваме палачинки, а начини на подготовка и филување има многу. Поради тоа, тие се одлични за кој и да е оброк во текот на денот. 

Состојки:

150 гр брашно
Едно јајце
Малку сол
Две лажици масло
200 мл млеко
300 мл газирана вода
Малку сода бикарбона

За фил:

250 гр пилешки стек
200 гр печурки
Еден праз (само тврдиот дел)
20 гр путер
Лажица доматно пире
2 лажици брашно
300-400 мл павлака за готвење 

Подготовка:

Овој рецепт одзема повеќе време, но вкусот го оправдува целосно. Подгответе ги палачинките на вообичаен начин, со мешање на сите состојки. Пржете ги во нелеплива тава. 

Пилешкото потоа исецкајте го на ленти. На путер пропржете го сецканиот праз. Додадете ги печурките, кои ќе пуштат вода и ставете ги лентите пилешко. Кога сето тоа ќе се издинста, ставете од доматното пире и додадете павлака за готвење. Доколку ви излегува густо, можете да додадете вода. Додавајте брашно доколку смесата е ретка. 

Со филот филувајте ги палачинките и послужете ги. Можете и да ги потпечете во рерна, со парче кашкавал врз секоја.