Пајкот „удри“ на Бит Пазар (ВИДЕО)

Во текот на вчерашниот ден до 14 часот, на подрачјето на главниот град од страна на полициски службеници при СВР Скопје, беа реализирани засилени сообраќајни контроли во поглед на непрописното паркирање, при што осебно беа контролирани сообраќајници и локации каде што е констатирано зачестено непрописно паркирање, како булеварот “Партизански Одреди“ кај пазарот “Буњаковец“ и кај “Сити Мол“, потоа Бит Пазар и други, информираат од МВР.

За време на контролите беа издадени 329 мандатни платни налози по основ на непрописно паркирање, а со возило “пајак“ беа подигнати 105 возила, се вели во соопштението.