Пајакот во акција: Автомобилите почнаа да се креваат од пред зграда (фото)

Интензивно е чистењето на градот од неправилно паркирани возила.

Автомобилите на граѓаните почнаа да се креваат од пред зграда, пишуваат жителте на Аеродром на социјалните мрежи.

-Нека одат од другата страна на Вардар да креваат возила!Ако смеат!, коментира еден револтиран скопјанец.

-Во право се што ги креваат, паметно, пак нека се паркираат на тревна површина и на тротоар, вели скопјанецот Зоран.

-Затоа што сите сакаат со колата дома да влезат,а ако отидат 200 метри подолу ќе најдат.Друга приказна ќе биде кога ќе им текне да стават зонско и во Ново Лисиче, ќе си бирате каде да паркирате, пишува Бојан.

Вчера полицијата санкционирала и 122 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подгинати биле 90 возила.