,,Пајакот” собра 26 возила пред Сити мол за време на "Блек фрајдеј"

Вчера од 19 до 23 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај преземени се мерки за непрописно паркирани моторни возила на улиците кои гравитираат околу ТЦ ,,Сити Мол“ во Скопје со цел  овозможување нормално одвивање на сообраќајот, информира МВР.

Подигнати се 21 моторно возило со специјално возило ,,пајак“, врачени се 26 мандатни платни налози и тоа: седум платни налози за паркирани возила на коловоз, седум платни налози за паркирани возила на тротоар,зеленило и дванаесет платни налози за паркирани возила на автобуско стојалиште.