Првиот викенд од како стартуваше новиот систем на паркирање, т.н. А0 зона, пајак службата со полни раце работа. Тие едвај чекаа да ги соберат паркираните возила и викендот на граѓаните буквално да им го упропастат. Оние кои решиле на пола пат да го остават своето возило и пешки да продолжат кон врвот, сега ќе треба да платат и казна за услугите на пајак службата.

Екипата на Алфа регистрираше како неколку пајаци во редица, веќе го грабнале својот плен.

Инаку, со поставување на информативни табли на речиси секој чекор, и на средно Водно се воведе Зонското паркирање. Цената за првиот час е 100 денари, а потоа за секој следен час се плаќа по 50 денари. 

Граѓаните остро реагираат на оваа новина од Град Скопје. Велат дека ваквата одлука ги преминала сите граници и дека високата цена ќе ги избрка посетителите.

Но, има и такви граѓани кои тоа го оправдуваат, сметаат дека автомобили не биле потребни на Водно, иако и самите тоа не го почитуваат.

На скопската планина веќе се обележани паркинг местата на двата поголеми простори. 

Овде на Водно паркирањето до сега беше бесплатно, но од сега за само еден час ќе треба да платиме ни повеќе, ни помалку - туку 100 денари.

Во меѓу време, градските власти поставија и заштитна ограда на патот кон Средно Водно за да не се користат дивите паркинг места. Паралелно, и во строгиот центар на градот На улицата „Максим Горги“, паркингот за само еден час чини 100 денари.

Инаку, најскапиот паркинг, зона А0, Петре Шилегов не им го најави на скопјани во својата изборна програма.