„Пајакот“ на ПОЦ за една недела кренал 144 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје во текот на една недела санкционираа 259 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 28.03. до 03.04.2022 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 144 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 115 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ потсетува на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување ред и безбедност на улиците.