
ЈП Паркинзи на Општина Центар информираат дека минатата недела со користење на специјалните возила „пајак“, санкционирале 122 нерегулирано паркирани возила кои биле оставени на места наменети за лица со попреченост, резидентни паркиралишта и други резервирани зони, со што се нарушуваше редот и функционирањето на паркирањето во општината.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар ќе продолжат континуирано да ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до возачите да ги почитуваат правилата за паркирање и да ги оставаат своите возила исклучиво на дозволените паркинг-места“, посочуваат од ПОЦ.
На тој начин, како што велат, се овозможува уреден паркинг-систем и непречено користење на просторите наменети за оние што навистина им се потребни.