„Пајакот“ минатата недела крена 299 возила низ Скопје

Јавното претпријатие Градски паркинг Скопје известува дека измината работна недела со специјалните возила пајак беа подигнати вкупно 299 возила.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 45 се отстраните од зонските паркиралишта, а останатите 254 возила се по налог на сообраќајната полиција, по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, известуваат надлежните.