Пахор: Скопје направи се, и уште повеќе, а што доби од ЕУ за возврат – ништо, и уште помалку

Европската Унија мора да ги почне преговорите со Северна Македонија и со Албанија. Ова прашање треба да остане приоритет на ЕУ и да се затвори што побргу, пораќа словнечекиот претседател Борут Бахор во обраќањето на Бледскиот стратешки форум.

– Проблемот веќе не е само политички. Ситуацијата стана многу позагрижувачка за ЕУ. Што направи Севрена Македонија за нејзината европерспектива – направи се, и уште повеќе, а што доби за возврат – ништо и уште помалку. Со ова кредибилитетот на ЕУ многу се наруши. Се обидувам да разберам дека проширувањето на ЕУ во моментов не е приоритет, имајќи ги предвид сите преблеми во ЕУ и попироко. Но сепак, верувам дека постигнувањето прогрес во преговорите со С Македонија и Албанија треба да остане приоритет и ова прашање да се затвори, нагласи Пахор пред учесниците на Бледскиот стратешки форум.

Пахор, и претходно, на средбата со премиерот Зоран Заев одржана на маргините од форумот, го афирмира ставот дека Словенија го поддржува европско проширување со земјите од Западен Балкан и очекува, со посредство и поддршка на словенечкото претседателство, да се најде прифатливо решение за блокираниот процес за интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

– Словенија и цела Европа поддржуваат решение на предизвиците меѓу Бугарија и Северна Македонија, а актуелното словенечкото претседателство е можност која треба да се искористи за наоѓање решение, истакнале Заев и Бахор.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев и Пахор на средбата споделиле дека лидерите постојат за да наоѓаат решенија и дека современото живеење и глобалните текови бараат храбри и мудри чекори од страна на политичките лидери на Европа.
Заев потенцира дека Европа препозна дека граѓаните на Северна Македонија покажаа храброст и ги прифатија европските вредности и дека земјата направи сѐ за да продолжи по европскиот пат напред.

Премиерот Заев ја поздрави определбата на Словенија за време на нејзиното претседателство со ЕУ да спроведе храбри одлуки и решенија во корист на проширувањето, се наведува во соопштението од владината прес-служба.