Пахор пречекан во вила „Водно“ со највисоки државни и воени почести

 Словенечкиот претседател Борут Пахор којн престојува во дводневна официјакна посета на Северна Македонија, претпладнево во вила „Водно“ беше пречекан од претседателот Стево Пендаровски, со официјална церемонија и највисоки државни и воени почести.

Церемонијата почна со интонирање на словенечката и македонската химна.

Пахор и Пендаровски најпрво ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Република Словенија. Потоа е предвидена заедничка прес-конференција.

Пахор и Пендаровски ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

Словенечкиот претседател Пахор кој престојува во дводневна во официјална посета на Северна Македонија на покана на Пендаровски, во текот на денов ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Утре, Пендаровски и Пахор ќе заминат за Охрид каде ќе присуствуваат на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија во Кампот за обука на вода.