
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски утрово информираше дека поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот биле регистрирани паднати и оштетени дрвја, а нивните служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните.
„Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој, посочи Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека приоритет им е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот.
„Апелирам до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен. Продолжуваме посветено и одговорно“, порача градоначалникот.