Паднати дрвја во Кисела Вода, оштетени возила

Два автомобили се оштетени откако рано изутрина голем багрем паднал врз нив. Како што пренесува Прес24, двата автомобили имаат поголеми штети, а искршени се ветробранските стакла.

Ова не е првпат да се случи дрвја да паднат при невреме и да оштетат автомобили, нанесувајќи голема материјална штета.