Паднала со велосипед во одводна шахта, скопјанка тешко повредена

44-годишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во одводна шахта додека управувала велосипед на улицата „Жан Жорес“ во Скопје.

Како што информира МВР, на 7 јуни во 16:40 часот од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив е донесена повредената жена.

Според пријавеното, несреќата се случила претходниот ден, на 6 јуни околу 21:00 часот, кога таа, возејќи велосипед, паднала во одводна шахта и се здобила со тешки повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.