„Паднаа“ тројца дилери во Скопје, полицијата ги фати со дрога

Серија апсења за дрога вчера во главниот град.

- На 15.01.2025 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

- На 15.01.2025 во 20.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.М.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

- На 15.01.2025 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.С.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

. По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.