„Паднаа“ апликациите во сопственост на Фејсбук

Илјадници корисници на Инстаграм, Фејсбук и ВатсАп во моментов имаат проблеми со овие апликации. Имено, не функционираат ниту пораките, ниту основните алатки за пребарување.

Според корисниците, Инстаграм е паднат, па затоа многумина не можат да ја користат апликацијата. Неколку корисници на Твитер објавија дека апликацијата не функционира.

При поврзување на Фејсбук или Инстаграм дава порака за грешка. 

Повиците преку WhatsApp не функционираат и пораките не стигнуваат.