Падна уште еден дилер на дрога во Скопје

СВР Скопје-Одделението за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава против М.Ј.(31), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик.

Имено, на 07.08.2019 година, по претходна судска наредба бил извршен претрес  кај осомничениот во стан кој го изнајмил.

При претресот во домот пронајдени биле: марихуана, дигитална вага со остатоци од дрога, семки од канабис, таблети бупренорфин.